Фото: Википедија

Денес роденден прославува нашиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу


Висар Муслиу е роден на 13 ноември 1994 година. Тој е македонски професионален фудбалер кој игра како среден бек за белгискиот клуб Сеинт Труиден и за македонската репрезентација.

Фудбалската кариера Муслиу ја започнал во ФК Ренова каде останал пет години. Во меѓувреме, тој поминал и шест месеци на позајмица во ФК Гостивар. Летото во 2014 година, тој преминал во швајцарски Сент Гален на едногодишен договор, но не стигнал да игра таму бидејќи го вратиле на позајмица во Ренова.


На 3 јуни 2017 година направи трансфер во македонскиот првак ФК Вардар каде го ангажирале како засилување за претстојните квалификации за Лигата на шампионите. На крајот, Муслиу му помогнал на Вардар да обезбеди пласман во групната фаза на Лига Европа 2017/18, со што станал првиот македонски фудбалски клуб кој некогаш се квалификувал за европски турнир на УЕФА.

На 5 август 2019 година, тој се преселил од Шкендија во унгарскиот тим Фехервар. На 19 јануари 2022 година, Муслиу се приклучил на Бундеслигашкиот клуб ФК Инголштат.


Во јуни 2023 година Муслиу потпишал за гермаскиот клуб ФК Падерборн, а од 4 февруари оваа година тој е член на белгискиот клуб Сент Труиден.

Муслиу бил дел од македонската фудбалска репрезентација до 21 година од 2013 до 2017 година, со 12 натпревари. Тој бил дел од првата генерација на Македонија до 21 година која се квалификувал на завршниот турнир.


На 2 септември 2017 година, тој, исто така, го направил своето деби за сениорската репрезентација во квалификациите за Светското првенство против Израел, каде Висар го одиграл целиот натпревар и и  помогнал на својата екипа да ја зачува мрежата во победата од 1–0.

Среќен роденден Висар, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …