(ФОТО) Необична комбинација – Ретко кој би се осмелил да излезе од дома во облеката на Ирина Шајк: На презентацијата на календарот пристигнала во градник


Руската манекенка Ирина Шајк присуствувала на презентацијата на новиот календар на „Пирели“ во Прага, а во таа пригода носеше облека во која малкумина би се осмелиле да излезат од дома.
Шејк ги покажала фотографиите и видеата на Инстаграм, а на нив можете да ја видите во бел градник со корпи во облик на школка и длабоки гаќички што ѕиркаат преку црните панталони.
Трапезоидните црни панталони изгледаа сосема „нормално“ од напред, меѓутоа, имаа исечоци одзади а врамени се со црн ремен.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)


Моделот го комплетирала ова издание со лесна шминка и ниски плетенки. На нозете имала црни влечки.
„Каков ден во Прага. Почестена и благодарна што сум опкружена со неверојатни жени на промоцијата и интервјуата на календарот на ‘Пирели’. Сон што се оствари“, напишала таа.


Ирина Шајк е една од ѕвездите на календарот на „Пирели“ за 2026 година, а за изданието позирала гола покриена со розова ткаенина. Фотографиите се од Солве Сандсбе. Во ова издание, темата на календарот е „Елементите“. Ирина го претставува елементот ветер.
Таа рекла дека сетот бил магичен, со ветер, чад и лебдечки ткаенини. Во интервју за календарот, таа зборувала за самоприфаќање, самодоверба и убавина во несовршеноста.

Календарот е сниман на повеќе локации: Норфолк, Есекс, Лондон и Њујорк.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Горда на себе – Ѕвездата на OnlyFans објавила колку заработила за две години: Милиони на сметката

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која тврди дека е невина, открила дека заработила повеќе од …