Актерот и комичар Еди Марфи за прв пат јавно проговорил за своето искуство со опсесивно-компулсивно растројство (ОКР) во новиот документарец на Нетфликс „Being Eddie“.
Во документарецот, 64-годишната холивудска ѕвезда открива дека ги препознал симптомите на нарушувањето како дете, иако тогаш не знаел што е тоа.
„Имав ОКР кога бев дете. Не знаев што е тоа. Одев да го проверам шпоретот и да се осигурам дека целиот гас е исклучен“, се сеќава Марфи.
Тој објаснил дека секоја вечер се враќал во кујната неколку пати пред да заспие, убеден дека мора повторно да го провери гасот. Како што вели, никој во неговото семејство не знаел дека поминува низ такви епизоди.
„Само мислев дека правам некои чудни работи. Мајка ми не знаеше. Испуштав глупави звуци додека гледав телевизија и не знаев зошто го правам тоа“, рекол Мерфи.
Пресвртницата се случила кога, како тинејџер, видел извештај за опсесивно-компулсивно нарушување на вестите.
„Помислив: ‘О, тоа е она што го правам’. Кога слушнав дека е ментална болест, си реков: ‘Не, немам никаква ментална болест’ и се натерав да престанам“, додал актерот.
Како што е дефинирано од клиниката Мајо, опсесивно-компулсивното растројство се карактеризира со шема на несакани мисли (опсесии) и повторувачки дејства (компулзии) кои можат значително да влијаат на секојдневниот живот и да предизвикаат вознемиреност.
Марфи признава дека симптомите не исчезнале целосно и сè уште го проверува гасот.
„Сè уште го проверувам гасот секоја вечер, но ако се фатам себеси како го правам тоа повеќе од еднаш, си велам: ‘Не, нема да го правиш тоа повторно. Оди си во кревет’“, рекол тој со смеа.
Документарецот „Being Eddie“ носи интимен приказ на патувањето на Марфи од детството во Њујорк до статусот на еден од најпознатите комичари и актери денес. „Being Eddie“ моментално е достапен за гледање на Netflix.
Фото: Принтскрин/Facebook
ekran платформа за слободоумни