Овој напиток го подобрува метаболизмот, го јакне телото и дава енергија.
Семето на лен е богато со калиум, влакна и омега 3. омега масни киселини. Поради својата структура, ова семе ќе ве засити а при тоа да не добиете ниту грам сало.
Направете вкусно млеко од семкиите лен кои се извор на здравје.
Состојки: 1/4 шолја семе од лен, 6 шолји вода, 5 урми без семки, цимет.
Подготовка: во блендер измешајте ги семето лен и водата, а потоа течноста процедете ја низ газа. Филтрираното млеко вратете го во блендер па додајте му сечкани урми и цимет по вкус. Убаво изматете.
Ова млеко е исклучително вкусно и може да се пие како сок или да се додава во пудинзи или некое утринско кафе.