Промоција на книгата „Судбината и зборот“ од Томе Велков

Во вторник, на 12 март 2024 година во Салонот Империјал 2 во Културно Информативниот Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Судбината и зборот“ од Томе Велков.

На промоцијата ќе зборуваат Елена Пренџова , рецензент и Виолета Танчева – Златева, модератор


Томе Влков е роден 1947 година во Струмица. Средно образование завршува во Скопје. Живее и твори во Скопје. Со пишување поезија се занимава од 1964година кога станува член на Литературниот клуб „Кочо Рацин“ од Велес. Застапен е во повеќе алманаси на овој литературен клуб, а во следните години неговата поезија се објавува во повеќе списанија: „Млад борец“, „Студентски збор“, „Современост“, „Телеграм“ од Загреб, „Младост“ од Белград, „Стремеж“, „Пролетни ракувања“ и други.

Досега ги има објавено стихозбирките „Јужен ветар“, „Копнежи и соништа“, „Жолти сеќавања“, „Чудно време“ и други.


Својата поезија ја пишува со голема самосвесност и егзистенцијалистичка мисловност, прашувајќи се „има ли смисла зборот едноставен / да ја разбуди мислата“. Лично сум убедена дека има сила поезијата од срце искрена да ја разбуди свеста на читател(к)ите, вели рецензентот Елена Пренџова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …