Концерт на Errorr во Агора во Куманово

Вечерва со почетоk во 21:30 часот во кафе барот Агора во Куманово ќе може да го проследите нaстапот на бендот Errorr кој е во рамките на нивната европска турнеја.

Леонард Кааге ја искористи можноста да започне да создава на празно платно со сопствена инструментација, продукција и аранжмани во 2019 година. Првите демо снимки беа развиени во неговото студио, секогаш кога наоѓаше време помеѓу работа на снимање и турнеи во Европа, Азија и САД. По неколку месеци карактеристичниот звук на Errorr го најде својот облик: гласни гитари и фазиран бас поддржани од привлечни ритмови на тапани. Мекиот глас на Леонард го пресекува моќниот „Ѕид на звукот“ и го трансформира прекрасниот „ноиз“ во поп. Шведскиот мултиинструменталист е познат и како продуцент и гитарист на The Underground Youth, и има работено со многу други бендови како The Brian Jonestown Massacre, Kristof Hahn (SWANS), Tess Parks, The Blue Angel Lounge и многу други…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …