Проекција на францускиот филм „Дивертименто“ утревечер во Кинотека

Утревечер во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан извонредниот француски филм, „Дивертименто“, на Мари-Кастиј Мантијон-Шар (2023, 1h55), сo Улаја Амамра, Лина Ел Араби и Ниелс Ареструп.

Филмот се прикажува во рамките на Неделата на франкофонски филм, по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата.


Филмот е снимен според вистинска приказна и го раскажува сонот на две млади музичарки, обете сестри Французинки со алжирско потекло. Тие сонуваат да му ја приближат класичната музика на секој жител во светот, а тој сон е остварлив само со одлучност, страст, храброст и, пред сè, извонреден план за формирање сопствен оркестар насловен „Дивертименто“.

Медиумите за „Дивертименто“ ќе напишат:
-„Актерскиот тим е неверојатен, а животната приказна во филмот на младите ќе им покаже како треба да се изборат за остварување на своите соништа (но и повеќе од тоа!). Паризјен
-„Извонреден филм којшто ќе разбуди прекрасно чувство во вас.“ Ле Новел Д’Алзас


Филмот е со превод на македонски јазик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …