Претставата „Последната лента на Крап“ утревечер во МНТ

Во понеделник, 8 април 2024 година, со почеток во 20:00 часот во Македонскиот народен театар ќе може да ја погледнете претставата „Последната лента на Крап“.

Ѓорѓи Јолевски во улогата на Крап
Автор: Семјуел Бекет


„Последната лента на Крап“ е претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти. Меѓу нив една лента има посебно место: таа што се наоѓа во Кутија три – ролна пет! На неа е снимен тој, средовечниот Крап, пред цели 30 години, одамна минато време, каде што зборува за уште подалечни, а клучни настани од својот одамна изминат младешки свет, за изгубената љубов, за смртта на неговата мајка, за илузиите и неуспешната кариера. А, стариот Крап, сега има амбивалентен однос кон тоа што го слуша. Ова е претстава за изолацијата, за стареењето, за кревкоста на сеќавањето, нашиот комплексен однос со технологијата, во еден свет во кој времето неповратно минува, низ бројни ограничувања со кои не соочува самиот живот.

Претставата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во ко-продукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Извршен продуцент е Никола Кимовски.


Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.

На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.


Фотограф: Кире Галевски
Суфлер – Тања Ивановска
Шминкер – Бранка Пљачковска
Вајар – Ангел Петровски
Реквизитери – Снежана Грнчаревска и Боби Гелиќ

Цената на билетот е 500 денари и може да се набави на билетарницата во МНТ и онлајн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …