Претставата „Нема да биде крај на светот” учествува на Меѓународниот театарски фестивал на балканските земји во Бурса

Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот” ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса, Р Турција.

Под раководството на Државните театри секоја пролет во Бурса се одржува Балкански театарски фестивал на кој настапуваат театарските куќи од балканските земји кои воедно даваат и голем придонес во театарската уметност.


This image has an empty alt attribute; its file name is nema-da-ima-kraj.jpg

Фестивалот создава можност да се сретнат познати театарски куќи од светот, но сепак подоминантни се театарските продукции од балканските земји. Оваа година фестивалската програма ќе се одржи од 10 до 24 март, а нашата претстава ќе се одигра на 15 март. Во претставата, по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, играат: Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …