Претставата „Мајсторот за спомени“ на репертоар на МКЦ!

„Мајсторот за спомени“ е театарската претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција нанезависното здружение Артопија.

На 6 и 7 февруари (недела и понеделник), со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржат две изведби на  „Мајсторот за спомени” – театарска претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија.
Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница и онлајн преку www.bileti.mkc.mk
Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.
Екипа:
aвтор и режисер – Јане Спасиќ

This image has an empty alt attribute; its file name is Мајсторот-за-спомени.jpg
Актери:
Ненад Митевски
Елена Кузманов
Мартин Јорданоски
Бојан Кирковски
Симона Спировска
Анастасија Аневска


Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Бранкица Јордановска
Дизајнер на светло: Владимир Димоски
Композитор: Дарија Андовска
Дизајнер: Матеја Николиќ
Маркетинг: Мартина Петреска
Продуцент: Филип Николовски

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.
Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …