Премиера на „Диви и сеќни“ во македонските кино сали

Премиерата на бугарскиот хит филм “Диви и среќни“ воМакедонија е закажана за 13 февруари, а картите за проекциите се веќе во продажба

По рекордната гледаност во Бугарија и неколку европски премиери, хит акционата комедија “Диви и среќни“ премиерно ќе биде прикажана во Cineplexx Скопјеи 3D Кино Битола на 13 февруари. Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица на “Преспав“ – Бугарката Преслава и актерот Александар Сано, познат на македонската публиката како Коса од ТВ серијата “Подземје “, лично ќе го претстават својот нов игран филм пред македонската публика.


„Многу се радувам што успеавме да договориме проекции на филмот во Македонија. Ова е прв бугарски филм со ваков успех. Работевме со многуљубов и посветеност за да и’ претставиме на публиката квалитетно кино искуство. Се надевам дека ќе ви се допадне“, вели актерката и продуцентка Јана Маринова.


“Диви и среќни“ е возбудлива, акциона комедија или road movie, што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што станаеден од најгледанитефилмови за 2019 година.Со холивудска естетика, современа кинематографска динамичност и многу хумор, “Диви и среќни“ е филм за целата публика.

Приказната е за две жени, најдобри пријателки, што ќе посакаат авантуристичка промена во нивниот очаен живот, но настаните се редат непредвидливо, и одеднаш полицијата им е “зад петици“.


Филмот е во режија на Мартин Макариев, а во главните улоги играат Јана Маринова, Луиза Григорова – Макариев, Александар Сано, Дарија Симеонова, Асен Блатечки, Калин Врачански, Јавор Бахаров, Којна Русева, Теодора Духовников, Христо Петров – ИтоХазарт и други.

Премиерата на “Диви и среќни“ во Македонија е закажана за 13 февруари, а картите за проекциите што ќе следуваат се веќе во продажба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …