Познато што правел Метју Пери неколку часа пред да биде откриен во својот дом

Метју Пери, кој се прослави во улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во саботата во својот дом во Лос Анџелес, објави Ројтерс.

Пери имаше 54 години. Лос Анџелес Тајмс и ТМЗ, повикувајќи се на неименувани полициски извори, објавија дека Пери е пронајден мртов во џакузи.


NBV News, повикувајќи се на неименуван претставник на актерот и полициски извор, наведува дека славниот актер се удавил во својот дом. Ројтерс соопшти дека не може независно да го потврди извештајот.

Извори велат дека Пери ја играл популарната игра на пиклебол (игра слична на тенис) во текот на кобното утро. Потоа испратил помошник кој ќе му ги извршува задачите, а кога се вратил околу два часа подоцна, го нашол Пери мртов и повикал 911.


Пери откри дека неговата битка со зависноста станала толку тешка во еден момент што „речиси умрел“ пред неколку години на 49-годишна возраст кога му пукнало дебелото црево поради предозирање со дрога.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …