Екран „Споменар“ со Јова Радевска од дуото Yova

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

 

Денес ви го презентираме „споменарот“ на нашата изведувачка која има потекло од Богданци, а живее и работи во Англија – Јова Радевска. Таа заедно со Марк Вернон е дел од дуото Yova, кое пред неколку дена имаше настап во познатиот клуб Troubadour во Лондон. Дуото зад себе го има албумот „Nine Lives“ изден во 2022 година, а најново од нив е песната  „Dreamcatchers“. Уживајте во споменарот на Јова !!!

 


  • Во колку часот се будиш?
  • Во 7 am

 

  •  Кој ти е прекар?
  • Моментално сите ме викаат Јова, а кога бев во средно училиште некои знаеја и да ми се обратат со Јоцо.

 


  • Што си во хороскоп?
  • Риба (со екстра доза на емоција)

 

  • Кој ти е омилен пијалак?
  • Сок од свеж портокал, а понекогаш и смути

 


  • Која ти е омилена боја?
  • Blue

 

  • Кое ти е омилено јадење?
  • Пица

 

  • Која ти е омилена книга?
  • Ги имам многу, меѓу нив и “The road less travelled” od Gregory Peck

 

  • Кој ти е омилен филм/серија?
  • Серија „Бољи Живот“, а филм „Shawshank Redemption“

 

  • Кој ти е омилен спорт?
  • Кошарка, кога бев мала, сега за жал не следам

 

  • Што знаеш најубаво да зготвиш?
  • Макарони

 

  • Кое е твоето омилено годишно време?
  • Лето

 

  • Со кога сакаш да снимиш дует?
  • Со Justin Nozuka

 

  • Која е твоја најдобра и најлоша особина?
  • Бидејќи сум риба во хороскоп, емотивноста што ја имаат рибите е како меч со две острици, од една страна тоа е супер за изразување на креативноста, а од друга страна знае и да превладее над логиката.

 

  • Кој е твоја омилена македонска песна?
  • “Time never dies”” од Anastasia

 

  • Омилен пејач/ка, група (македонски).
  • Анастасија, Меморија, Леб и Сол

 

  • Најубаво место што си го посетил.
  • Dahab во Египет

 

  • Како се викаше првата ваша девојка/дечко
  • Рајан

 

  • Со кого го пиеш утринското кафе?
  • Пијам само сок од портокал наутро, кафето за жал никогаш не се проби во моето мени

 

  • Кој е твојот омилен музички македонски албум?
  • Anastasija со “Before the rain”

 

  • Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?
  • Да бидам искрена не сум во можност да ја следам моменталната актерска сцена во Македонија, но како мала најмногу ми беше омилен хуморот на Ванчо Петрушевски (Богданчанец како мене :))

Подолу погледенете го спотот за најновата песна на дуото Yova – „Dreamcatchers“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започна снимањето на филмот „Касапско оро“: Политички трилер кој ветува визуелна и емотивно моќна приказна

Денеска на падините на Средно Водно, во драматичен амбиент и со исклучителна филмска екипа, падна …