Не се работи за физички изглед
Познатиот руски психолог Михаил Лабковски смета дека самодовербата е најважна работа во животот, зависи од тоа колку ќе бидете успешни во кариерата, но и колку ќе бидете среќни во љубовта. Тој нагласува дека самодовербата компензира за се и дека кај жените е поважна од убавината бидејќи посилниот пол едноставно не може да одолее на таквите дами:
– Мажите сакаат самоуверени жени, бидејќи не се фокусирани на своите недостатоци. Комуникацијата со нив е лесна, оставаат впечаток дека можат и знаат се. Ги краси држење на телото, смирени гестови, самоуверен говор…
Ако сте навистина сигурни во себе, тогаш можете да ги импресионирате другите со вашето однесување. Ако жената е сигурна во себе, присуството или отсуството на маж во нејзиниот живот никако не влијае на неа. Ако е сама – животот не запира.
Кога жената се сомнева во себе, тоа често се изразува во фактот дека таа очајно сака да биде со некого. Важно е да се напомене дека самоуверената жена ја привлекуваат силни и самоуверени мажи. Момците со ниска самодоверба, несигурности и комплекси не и се интересни.