Потпишан протокол за збратимување помеѓу град Скопје и турскиот град Измир

Денес со делегација од Град Скопје сме во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде одржавме работна средба со Градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и потпишавме протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир.

This image has an empty alt attribute; its file name is skopje-i-izmir.jpeg


Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина

This image has an empty alt attribute; its file name is skopje-i-izmir-4.jpg


Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација.

This image has an empty alt attribute; its file name is skopje-i-izmir-2.jpg


На денешната средба на покана на Градоначалникот на Измир, присуствуваа пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под Градот Измир,како и голем број на здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.

This image has an empty alt attribute; its file name is skopje-i-izmir-1.jpg

Овој протокол е од исклучителна важност за Градот Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој взаемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …