После филмот „Ѕвездата е родена“ Бредли Купер повторно во улога на режисер!

По големиот успех на остварувањето „A Star is Born“, Бредли Купер подготвува нов филм, а дејствието и овој пат ќе се врти околу музиката.
Во споменатиот наслов, актерот го оживува ликот на проблематичниот уметник, кој го препознава талентот на пејачката во толкувањето на Лејди Гага.


Она што нè чека овој пат е биографски филм, а Бредли Купер уште еднаш ќе биде задолжен за режијата. Ќе го следи животот на композиторот Леонард Бернштајн, кој меѓу останатото има напишано музика за West Side Story и One day in New York..
Работата на оваа реализација е планирана со години наназад, но информациите дури сега се конечно потврдени во списанието „Deadline“.



Косценарист е Џош Сингер, кој е запаметен по филмот Spotlight, а се очекува приказната да се прошири на 30. години на најголемиот професионален и приватен успех на композиторот, кој се остварил и како сопруг и татко на три деца.
Актерот ќе има голема поддршка од Стивен Спилберг, Мартин Скорсезе и Тод Филипс, а продуцентската компанија Нетфликс ги купила правата за емитување. Засега сè мириса на успех, а шпекулациите додаваат дека Бредли Купер ќе се обиде во главната, или барем во споредна улога.


Снимањето е најавено за следната година. За потсетување, филмот „A Star is Born“ заработи дури 435. милиони американски долари, па се надеваме дека новиот филм ќе стане и филмски хит. Останува да чекаме и да се увериме во тоа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …