ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Во светот, за 24. часа, повеќе од 724.000 новозаразени

Повеќе од 724.000 нови случаи на коронавирус се пријавени во светот во последните 24 часа, а скоро 11.000 лица починале, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Дневниот извештај на СЗО прецизира дека во изминатиот ден се пријавени 724.720 новоинфицирани и 10.955 смртни случаи.
Најголем број нови инфекции, 285.133, се откриени во Југоисточна Азија, што е повеќе од 39% од сите нови случаи.
Следат Северна и Јужна Америка со 206.984 и Европа со 156.016 нови случаи.
Повеќето случаи од почетокот на пандемијата се регистрирани во Соединетите држави, повеќе од 31. милион, следат Индија со повеќе од 15. милиони и Бразил со повеќе од 13. милиони.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …