Пол Ритер – Глумецот од тв серијата „Чернобил“ починал, на 55. години, од тумор на мозокот

Американскиот актер публиката ќе го памети најдобро по улогите во сериите „Чернобил“ и „Вечера во петок“, а се појави и во филмови за Хари Потер и Џејмс Бонд.
Пол Ритер трагично почина на 55-годишна возраст од тумор на мозокот.
„Со голема тага можам да потврдам дека Пол Ритер почина синоќа. Почина мирно во кругот на семејството, а со него беа и неговата сопруга Поли и синовите Френк и Ноа“, изјавил неговиот агент.
Погледнете го видеото:


Ритер беше познат како исклучително посветен и талентиран актер, што го докажа во бројни улоги. Во текот на неговата долга кариера, тој доби бројни номинации, од кои најистакната е номинацијата за наградата „Тони“.
Тој ќе се појави во новата сезона на серијалот „Вечер од петок“, подоцна оваа година, чијашто премиера за жал нема да ја дочека.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” ја имаше својата светска премиера на …