Подгответе се: Нов бран од дожд и снег!

Во текот на денешниот ден нашата територија ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови нови поинтензивни врнежи кој ќе бидат претежно од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.
Снежната граница можно е да се спушти и нешто под 1000 м.н.в и тоа во северните, северозападните, западните и во југозападните предели на државава.
Во текот на претпладнето ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините и тоа претежно на запад.
Меѓутоа под влијание на нов циклон од Медитеранот од попладневните часови од запад врнежите ќе се интензивираат и до вечерта ќе се прошират насекаде низ државава.
На ниските места ќе врне претежно дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег и особено на запад и северозапад на планинските предели ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на белата покривка. Снежната граница на север, северозапад, запад и на југозапад би можела да се спушти и до околу 800 м.н.в.
Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Врнежите ќе бидат ПОИТНЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог додека на планините на северозападот и на западот снежната покривка ќе се зголеми за околу па дури и за повеќе од 20 см.
Минималнате температура низ котлините ќе има вредност, генерално, помеѓу -1 и 3, а на повисоките места околу -3 степени.
Максималната вредност ќе биде помеѓу 2 и 5 степени во котлините од северниот и западниот регион. Потопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 8 степени.
Скопската котлина очекува врнежливо време. Врнежите ќе започнат доцна претпладне, додека попладне врнежите ќе се интензивираат. Планините околу Скопје во текот на попладневните и вечерните часови ќе добијат нова снежна покривка. Во текот на вечерта повисоките населби околу градот да имаат врнежи од снег мешан со дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Температурата ќе има минимална вредност околу 0, а максимална вредност околу 5 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …