ПОЧИВАЈ ВО МИР НАШ ДРАГ МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ

Со голема тага ја примивме веста дека не напушти доајенот на македонската музика и детска песна, маестро Александар Џамбазов. Детскиот фестивал Поточиња загуби голем поддржувач кој со своите совети на самите почетоци помогна во развивање на фестивалот. Особена гордост е што како автор во опусот песни на Поточиња се наоѓа и нашиот драг маестро.

Долги години беше неизоставен гостин на Поточиња, а неговите пофалби и поддршка ни даваа мотив да продолжиме да ја развиваме музичката култура и детската песна во Македонија.
Од името на Детскиот фестивал Поточиња и целиот тим изразуваме сочувство до семејството. Почивај во мир наш драг маестро!
Мирослав Пап, композитор и извршен продуцент на Детскиот фестивал Поточиња


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …