Починала ѕвездата од крајот на 80-тите години – Тауни Китаен, имала 59. години

Актерката Тауни Китаен, позната по улогата во хит комедијата „Момчешка забава“ (Bachelor Party, 1984.) и провокативни видеа од 80-тите години, починала во својот дом во Калифорнија. Таа имала 59. години.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Tawny Kitaen 🧜🏻‍♀️ (@tawnykitaenofficial)


Китаен, чие вистинско име беше Џули, почина во петокот во својот дом на плажата Њупорт, се вели во соопштението на окружниот судија. Причината за смртта сè уште не е позната, пишува Си-Ен-Ен.
Во осумдесеттите години Китан глумеше заедно со Том Хенкс во комедијата „Момчешка забава“, а потоа се појави во музички спотови за бендови како RATT и Whitesnake.


Таа исто така изведе импресивни и незаборавни движења во видеото на Whitesnake за хитот Here I Go Again, а подоцна се омажи за фронтменот на групата, Дејвид Ковердејл.

Но, нивниот брак не траеше долго и Китаен наскоро се омажи за безбол sвездата Чак Финли, со кого добила две ќерки.

Таа исто така глумеше во серии како што се The New WKRP in Cincinnati, Hercules: The Legendary Journeys, а се појавувала и во реални програми како Celebrity Rehab with Dr. Drew и Botched.
Многумина и оддаваат почит и се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/COmIb1dhOnx/?utm_source=ig_embed

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …