Починала актерката Естел Харис

Починала актерката Естел Харис, објави магазинот People. Таа имала 93. години.
Таа починала од природна смрт во пустината Палм, Калифорнија, а веста за нејзината смрт ја соопшти семејството на актерката.
„Со најголемо жалење и тага, објавуваме дека Естел Харис почина. Нејзината добрина, страст, чувствителност, хумор, емпатија и љубов беа практично неспоредливи и страшно ќе им недостигаат на сите кои ја познаваа”, изјавил нејзиниот син Глен Харис.
Естел ѝ е најпозната на јавноста по улогата на вечно незадоволната мајка на Џорџ Костанца, чиј лик го отелотвори Џејсон Александар во „Сајнфелд“. Харис првпат се појави како Естел Костанца во четвртата сезона на „Сејнфелд“, а нејзиниот лик речиси веднаш стана еден од омилените меѓу обожавателите на серијата.


Таа на крајот се појави во вкупно 27. епизоди од серијата.
Таа исто така одигра значајни улоги во This Is My Life, Out to Sea и The Odd Couple II. Многумина ќе ја паметат како гласот на Компирослава од тетралогијата Toy Story.
Естел беше во брак со Сио Харис од 1953. година до неговата смрт во јануари 2021. година, оставии зад себе три деца – Ерик, Глен и Тарин и три внуци и правнуци.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …