Починал Зафир Хаџиманов: Познатиот пејач и глумец ја загубил битката со корона вирусот

Зафир Хаџиманов (77), филмски актер, пејач и композитор, починал од вирусот корона.
Како што неофицијално дознава ат бекградските медиуми, Зафир имал здравствени проблеми, поради што ги посетувал лекарите. Веројатно на тој начин го добил вирусот.

Неговиот син Васил Хаџиманов е исто така позитивен на ковид, но тој нема никакви симптоми на болеста. Открил дека бил позитивен за време на рутинско тестирање кога пристигнал од една земја во ЕУ.



Зафир Хаџиманов беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, инаку познат џез музичар.
Зафир Хаџиманов исто така беше композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на златното доба на југословенските шансони.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …