Починал актерот Дин Стоквел – од депресија, преку хипи патувања, до Златен глобус

Актерот Дин Стоквел, ѕвездата на научно-фантастичната серија „Квантен скок“, починал на 85-годишна возраст. Актерот почина од природна смрт, во неделата наутро, во својот дом.


Имал богата актерска кариера, подолга од 70. години. Неговата најпозната улога е Адмирал „Ал“ Калавичи, научно-фантастичната серија „Квантен скок“, која траела пет сезони помеѓу 1989. и 1993. година.
Тој исто така имал забележителни улоги во „Air Force One“ и во филмовите на Дејвид Линч „Дина“ и „Син сомот“.


View this post on Instagram


A post shared by Andrew Younger (@mygeekheart)


Роберт Дин Стоквел е роден во март 1936. година и ја започнал својата кариера како дете, глумејќи според договор со Метро-Голдвин-Мајер. Неговото прво познато појавување во филмот било во „Долината на одлуката“ во 1945. година.
Добил две награди за најдобар актер во Кан и пет пати бил номиниран за Златен глобус – еднаш како најдобар млад актер, а вториот пат како најдобра споредна улога, во серијата „Квантен скок“.

Стоквел периодично ја напушташе својата актерска кариера. Во 1960-тите се приклучува на хипи групата „Topanga Canyon“ со која се дрогирал и учествува во љубовни врски.
Во раните 1980-ти, откако станал депресивен поради обновената актерска кариера, Стоквел добил лиценца за недвижен имот и се преселил од Холивуд. Било кажано дека Хари Дин Стентон го убедил да се врати и да се обиде повторно.

Потоа следеле улоги во некои од клучните филмови во тоа време. Меѓу нив се „Paris, Texas”, „To Live and Die in L.A.”, „The Rainmaker”, „The Player”, „Married to the Mob”, и двата споменати филма за Линч.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …