Почина композиторот Кире Костов

По подолго боледување денеска почина големиот македонски композитор Кире Костов.

Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.


Има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Тој е еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година, но бил и уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика.Добитник е на бројни награди и признанија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …