Пет причини зошто имунитетот на стадо не е возможен

Дури и со најсилната иницијатива за вакцинирање на луѓе ширум светот во што поголем број, теоријата за имунитет на стада изгледа сè понереално.
Се’ повеќе и повеќе луѓе ширум светот се вакцинираат против ковид 19 секој ден, и сите се прашуваат – колку уштеќе трае оваа пандемија? Одговорот на тоа прашање е сè уште неизвесен. Денес, научниците сметаат дека тезата за имунитетот на стадото е малку веројатно, пишува Nature.com.
Во февруари, научникот Јујан Гу, аналитичар на податоци, рече дека има неколку фактори што го прават имунитетот на стадото неодржлив. Кои се тие фактори?


Не е јасно дали вакцините спречуваат ширење на вирусот
Клучот за имунитетот на стадото е дека кога некое лице ќе се зарази, околу нив има премалку чувствителни „домаќини“ кај кои вирусот би се задржал. Тоа се вакцинираните лица или оние кои веќе имале ковид 19, така што тие не можат да се заразат и да го шират вирусот. Модерна и Фајзер вакцините, на пример, ефикасно спречуваат симптоматска болест, но сè уште е нејасно дали тие спречуваат луѓето да се заразат или да го пренесат вирусот на други. Ова создава проблем кога станува збор за имунитетот на стадото.
„Имунитетот на стадото е релевантен само ако имаме вакцина што го блокира ширењето. Ако го немаме, единствениот начин да го добиеме е сите да се вакцинираат“, рекла Швета Бансал, математички биолог од универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.
Способноста на вакцината да го блокира ширењето на вирусот не мора да биде 100 проценти за да дојде до поместување.
„И 70 проценти би биле одлични“, рекол Самуел Скарпино, кој проучува заразни болести во Бостон. Сепак, сè уште може да има голема количина на ширење на вирусот, што го отежнува разбивањето на преносни синџири.


Нерамнамерна вакцинација
Брзината и дистрибуцијата на вакцините се важни од повеќе причини. Совршено координирана глобална кампања може да го елиминира ковид 19, барем во теорија, тврди епидемиологот Мет Ферари од Центарот за заразни болести.
„Технички е изводливо, но во реалноста не се чини дека ќе го сториме тоа на глобално ниво“, вели Ферари. Колку луѓе примиле вакцина варира од земја до земја и разликите се огромни.
Научниците исто така велат дека ниту една заедница не е остров, а имунитетот во заедницата е многу важен. Дури и земјите со голем процент на вакцинирани граѓани, доколку се опкружени со земји каде ситуацијата не е иста – се изложени на поголем ризик од нови бранови на пандемија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …