Пациентите со механичка поддршка на срце заборавени од државата-уште чекаат од надлежните да ги ослободат од партиципација за лекарски прегледи

Здружението „Храбро срце“ продолжува да се бори за ветеното…пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце да бидат ослободени од партиципација…

Барање за изјаснување по однос на барање за ослободување од партиципација на пациенти со вградена механичка циркулаторна потпора на срце


До:

– Владата на РСМ


– Претседателот на владата на РСМ

– Шеф на кабинетот на владата на РСМ


– Министерство за здравство на РСМ

– Министерот за здравство на РСМ

– Сите медиуми

Предмет:

Барање за изјаснување по однос на ветувањето по однос на барањето со архивски бр. 08-5870/1 од 26.10.2021година за ослободување од партиципација на пациенти со вградена механичка циркулаторна потпора на срце.

Почитувани,
Ви се обраќаме по којзнае кој пат во врска со ветувањето за ослободување од плаќање партиципација на пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) за користење здравствени услуги, дадено од страна на владата, претседателот на владата и министерот за здравство во неколку наврати изминатите две години.
Со оглед на ситуацијата и ценовниот шок кој се случи, а е предизвикан од светската криза, нам, најранливите категории на луѓе ни е сè потешко и потешко економски да го издржиме сето тоа што е потребно за наше одржување во живот и евентуално трајно решавање на нашите здравствени проблеми. Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде добредојдена“, посочуваат од здружението.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …