Паштета од семки од тиква

Здраво и многу вкусно предјадење.
Состојки:
– 80 грама путер
– 100 грама свежо младо сирење
– 80 грама семе од тиква
– 1 кромид
– 1 чешне лук
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица оцет
– сол, црн пипер
– 1 лажица сецкан магдонос или власец
– 2 лажици павлака
– 1/4 лажичка куркума
Подготовка:
Изматете ги путерот и сирењето добро, а потоа додадете малку сол. Испршете ги семките од тиква во сува тава, додадете сол и малку изладете.
Две третини од семките сомелете, а остатокот ситно исечкајте го.
Исечете го кромидот и лукот што е можно поситно. Измешајте ги сите состојки, додадете масло, оцет и сецка магдонос, куркума и на крај павлака.
Сè добро измешајте, зачинете по вкус. Ставете во фрижидер еден до два часа.
Послужете со тост или интегрален леб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …