Овации за Дино Имери во Лондон

„Ми беше огромна чест да ја претставувам Македонија и да ја промовирам нашата култура во овој светски центар на уметноста – Лондон, во престижната концертна сала на Кралскиот колеџ, каде што настапуваат врвни уметници од целиот свет“, рече македонскиот врвен пијанист Дино Имери, по фантастичниот концерт којшто го одржа во светската културна метропола, во средата навечер, а по повод 30 години дипломатски односи помеѓу РС Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Пред многубројната публика, во прекрасната концертна сала „Royal College of Music“, во чии редови присуствуваа видни личности од дипломатскиот и културниот живот на Велика Британија, меѓу нив и специјалниот пратеник на Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, како и министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја предводеше македонската делегација во Лондон, нашиот „волшебник на пијаното“, Дино Имери, одржа концерт за паметење!


Со овации беше испратен од сцената, каде што покрај изведбата на дела од светските мајстори Густав Холст, Витолд Лутославски и Сергеј Рахмањинов, на најдостоен начин ја промовираше и македонската музика, интерпретирајќи една негова обработка на македонската песна „Јас те пратив на вода Калино“, како и композиции од Дамир Имери („Пајдушко“ и „Сербез Донка“) и од Дијана Илкоска Имери („Корени“). Заедно со Имери, настапи и хрватскиот врвен пијанист Ведран Јањанин, повеќенаградуван уметник, со светска кариера.

„Одамна не сум присуствувал на ваков добар концерт“, „Ви благодариме за прекрасната вечер“, „Ни приредивте маестрален концерт“, беа дел од позитивните реакции на присутните по концертот, честитајќи му на нашиот пијанист Дино Имери за успешниот настап, кој оствари важни контакти со можност за понатамошни соработки во концертните сали низ Велка Британија.


Овој настан беше поддржан од македонската амбасада во Лондон и македонското Министерство за култура, и беше силна потврда за пријателството што со децении го негуваат овие две земји.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …