Ова е фотографија од австрискиот претседател

Австрискиот претседател Ван Дер Белен е некој кому возењето со јавниот превоз не му е туѓо.Таа пракса ја продолжил и во време на пандемијата на ковид-19, за што сведочи и фотографијата која ја објавил минатата недела.
„На пат со Wiener Linien (виенски трамвај) во посета на Complexity Science Hub Vienna во Виена”, стои на службената страница на Фејсбук на Ван Дер Белен со фотографија со објава на 16. јуни.


Unterwegs mit den Wiener Linien zu einem Besuch des Complexity Science Hub Vienna in Wien-Josefstadt.

Gepostet von Alexander Van der Bellen am Dienstag, 16. Juni 2020


Можеби и поважно од тоа е што се вози со јавен превоз и така ги штеди парите на своите даночни обврзници, австрискиот претседател при тоа носи маска, како што гледаме на фотографијата.
Носејќи ја маската тој им служи како пример на сограѓаните.
На тој начин, како што е научно докажано се намалува ризикот да се зарази од други, но и самиот да зарази други во случај да е позитивен на коронавирус, а тој тоа и да не го знае. Секако, со тоа дава и позитивен пример на сограѓаните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …