Откако слушнал колку многу повеќе заработил Марк Валберг уплатил пари во име на колешката

Се чини дека скандалите околу филмот „Сите пари на светот“ не се намалуваат. Имено, откако Кевин Спејси бил исфрлен од филмот требало да се доснимаат сцени, но не добиле сите исти хонорари.
Во јавност се појавиле детали од дополнителното снимање сцени за филмот „Сите пари на светот“ откако Кристофер Плумер го заменил Кевин Спејси.
Имено, глумците морале да повторуваат некои сцени, но хонорарите и’ не биле исти за сите, поточно, биле за 1.000 пати помали.
Се открило дека Марк Валберг на својата сметка ставил 1,5 милиони долари, додека неговата колешка, Мишел Вилијамс, за истата работа добила нешто помалку од илјада долари.
И, секако, нејзините колешки „полуделе“ на тоа бидејќи и’ инаку жените таму се многу помалку платени од мажите.
Но, Марк Валберг набргу се обидел „да се искупи“. Глумецот уплатил 1,5 милиони долари во фондацијата Time’s Up која е основана за да се помогне на жртвите на злоставување, но и нееднаквите плати во Холивуд.


И’ сето тоа го направил во име на Мишел Вилијамс. Покрај тоа, неговата агенција William Morris Endeavor уплатила дополнителни половина милион долари.
Мишел после тој негов чин објаснила дека во целата работа не е важна таа.
„Денес јас воопшто не сум важна. Моите колешки беа покрај мене и станаа за мене, моите пријатели активисти ме научија да го слушам својот глас, а најмоќните мажи кои управуваат со се’ ме послушаа и делуваа“ рекла глумицата и додала дека е време за еднаквост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …