Одбор за транспарентност за собрани донации од акцијата на Црвениот крст на РСМ за помош на настраданото население од катастрофален земјотрес во Република Турција и Сириска Арапска Република

На ден 05.05.2023 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа состанок на Одбор за транспарентност за собрани донации од акцијата на Црвениот крст на РСМ за помош на настраданото население од катастрофален земјотрес во Република Турција и Сириска Арапска Република. По повод силниот катастрофален земјотрес кој на 06 февруари 2023 година ги погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени и на жал човечки загуби, Црвениот крст на РСМ веднаш упати повик за обезбедување на донации во парични средства од граѓаните и правните субјекти, но и материјални добра приоритетно потребни за настраданото население. На 20.03.2023 година Црвениот крст на РСМ организираше настан со цел да се заокружи хуманитарната акција за помош.

На состанокот Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити ги информираше присутните за преземените активности и вкупните собрани средства. Вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси 9 милиони денари се во материјална хуманитарна помош а останатите се во финансиски средства.


This image has an empty alt attribute; its file name is crven-krst-transparentnost.jpg

Членовите на одборот направија увид на уплатените средства во Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ – донации од правни субјекти и граѓани, преку финансиски документи кои беа ставени на располагање (преглед на изводи на уплатени средства). Дискутирано беше и поделбата на износите од донациите кои немаат изразена намена на средства за која земја, начинот како ќе биде префрлена односно соодносот по настанати жртви ќе се земен за сооднос за пресметка за префрлање на средства. За населението во Турција ќе се префрлат средства на сметката на Турска Црвена полумесечина додека средствата за населението во Сириската Арапска Република ќе бидат префрлени на наменскиот повик за донации на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …