ОД СРЕДА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Дали кон средината, па и во втората половина на овој месец ќе ни биде присутен пролетниот планински снег?!

Метео прогноза на Славчо Попоски

Дали од средината на следната седмица, односно некаде од среда, четврток ќе ни биде потребна потопла облека? А не како што се навикнавме уште од самиот почеток на оваа пролет, со лесна облека, дури некои граѓани и со куси ракави.


Според она што повеќе нумерички модели го цртаат, од среда очекуваме постепена промена на времето и пад на температурите на воздухот. Поради пристигнување на поладен воздух од север, и тоа на загреана и топла Атмосфера, би можело да дојде и до локален развој на грмотевични облаци (или нестабилна облачност), проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Во ваква состојба, не се исклучуваат ни локални поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме), па така е можна и појава на град во делови од Македонија.


Според она што е достапно моментално на нумеричките модели, некаде кон средината, па и во втората половина на овој месец на планините ширум регионот, па така и во Македонија не се исклучува можноста да се случи да провее и по некоја пролетна снегулка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …