Од идната недела затоплување и температури до 19 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека идната недела се очекуваат повисоки дневни температури.Во среда дневната температура ќе достигне до 19. степени.

Во понеделник утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната од шест до 12. степени, во вторник од три до осум степени и од 10. до 15. степени, а во среда утринската од два до шест степени, а дневната температура од осум до 19. степени. Во четврток утринската температура ќе се движи од три до шест степени, а дневната од 10. до 17. степени, додека во петок утринската температура ќе се движи од нула до три степени, а дневната од 11. до 17. степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди, но локално се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено и засилен ветер главно од јужните правци, поизразен на планините и на југот од земјава. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка, посочуваат од УХМР.
Во текот на изминатото деноноќие во западниот дел од Македонија имаше пообилни врнежи од дожд, а на повисоките места и планините паѓаше снег. Времето денеска е променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди.
Од УХМР наведуваат дека до крајот на денов не се очекуваат нови поголеми врнежи од дожд, но поради топлото време и високите температури на воздухот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …