Print

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова

Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд што и во услови на сериозна светска криза и многу отежнати услови на функционирање, особено за филмската уметност, Киненова како фестивал ги пребродува овие предизвици прилично успешно, па дури можам да кажам дека се случи сериозен исчекор и развој на фестивалот, особено програмски.
Минатата година ние бевме единствен фестивал во земјата и во светот кој реализиравме телевизиско издание на фестивалот, со цел да ја продолжиме традицијата и да ја надминеме кризата. Но тоа не го направивме од позиција на загрижени или уплашени филмаџии, туку со уште посилна мотивација од претходно, одредувајќи си мисија да ја пласираме филмската уметност и бескомпромисно да ја доближиме до публиката. Тоа наше делување даде мултиплициран ефект и додадена вредност, така што фестивалската програма имаа можност да ја погледнат скоро 2 милион гледачи.


Оваа година, фестивалот полека се враќа на класичниот формат на одржување во живо, но сепак ќе ја продолжиме и традицијата отпочната од лани со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ24. Немаме намера да се откажеме од овој начин на пласирање на фестивалот, знаејќи го влијанието кое минатата година КИНЕНОВА го имаше во јавноста.

Фестивалот оваа година и покрај намалената светска продукција на филмови и исклучително проблематичната дистрибуција на истите, обезбеди доста концентрирана програма, која ќе им овозможи возбудлива авантура на гледачите.


Фестивалот оваа година ќе ја слави македонската кинематографија и делото на македонските филмски уметници на начини кои ќе ги објавиме наскоро.


ИГОР АНЃЕЛКОВ – програмски селектор на КинеНова МФФ

Многу се радувам што оваа година прикажувањето на официјалната селекција на филмови се враќа онаму кадешто и’ е местото – на големиот екран во затемнетата кино сала. Единствено таму публиката може да ја доживее моќта на подвижните слики на дебитантите од различни кинематографии, кои во светот полн со илузии, ги создаваат можеби најсилните остварувања во седмата уметност во денешно време. КинеНова и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.

Откако пред две години, во силна конкуренција, прекрасниот „Љубовен автомобил“ на Елке Леренкраус стана фестивалски лауреат, а лани македонскиот „Медена земја“ ги освои публиката и критичарите ширум светот, годинава решивме да им отстапиме простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми. КинеНова е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па имаме и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Полската и грчката кинематографија се во наш редовен фокус, додека португалскиот филм ни приреди вистинско позитивно изненадување. Особено задоволство изразувам што во официјалната програма го имаме и минатогодишниот победник на фестивалот во Сан Себастијан, а фестивалот ќе го отвориме со актуелниот победник на престижниот фестивал во Карлови вари, на задоволство на многумина љубители на седмата уметност.

Ви посакувам пријатни кино проекции.

МЕЃУНАРОДНА КОНКУРЕНЦИЈА

  1. СОЛЧЕНЦЕ ЗАХАЈА на Стефан Красиќ / контакт лице: Стефан Красиќ
  2. THE LAST BATH by David Bonneville / контакт: CRIM DISTRIBUTION
  1. THE OTHER SIDE OF THE RIVER / контакт: Јасмина Вигњевић и Александар Говедарица
  2. AMATEURS by Iwona Siekierzynska
  1. PARI by Siamak Etemad
  1. ANDROMEDA GALAXY
  2. 7. AS FAR AS I CAN WALK by Stefan Arsenijevic
  3. BEGINNING by Dea Kulumbegashvili

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …