ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ОВОЈ СИМПТОМ: Ова се клучните разлики помеѓу ковид и класична главоболка!

КОВИД 19 е респираторна болест која најчесто ги погодува белите дробови и е предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2.
Досега ги научивме сите типични симптоми, а еден од нив е главоболка. Еве како ковид главоболка да разликувате од класична главоболка или мигрена.
Според најновото истражување, главоболката поврзана со ковид-19 се карактеризира со умерен или силен интензитет, пациентите чувствуваат пулсација или притисок врз слепоочниците, а главоболката се влошува кога ќе се обидете да се наведнат, пренесува „Healthline”.
Исто така, истражувањата покажале дека главоболки се јавуваат кај 11. до 34. проценти од пациентите кои се хоспитализирани за ковид-19. Овие проценки биле потврдени од Светската здравствена организација и Центарот за контрола и превенција на болести, во чиј извештај се наведува дека главоболката е почест симптом кај луѓето на возраст под 65. години. И дека од 55. 000 потврдени случаи, главоболки се јавуваат кај 13,6 проценти од пациентите.


Како да ја разликувате од мигрената?
Суштинската разлика е во тоа што кај класичната мигрена има чувствителност на звук и светлина, што не е случај со ковид главоболката.
Исто така, ковид главоболката обично е придружена со треска, што не е случај со главоболка од мигрена, кластери или напнатост.
Ако имате главоболка и се плашите дека можеби сте биле заразени со вирусот корона, прво измерете ја температурата и обидете се прецизно да откриете други симптоми. Ако не ви пречи светлината, а имате и треска, болки во мускулите, не заборавајте да се тестирате.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …