Во Црна Гора, поради влошувањето на епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15. дена ќе биде задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид 19.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, изјави дека поради зголемувањето на бројот на заболени и хоспитализирани лица, воведено е задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, продавници за прехранбени намирници, аптеки и бензински пумпи, пренесува порталот РТЦГ.
Галиќ наведе дека е задолжително носење заштитни маски во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека доколку овие мерки не доведат до подобрување на состојбата, ќе следат мерки за задолжително носење маски во сите затворени места.
Тој апелираше да се вакцинираат сите кои досега не го направиле тоа.