НЕЖЕН, ГРУБ, НЕВЕШТ: Откријте каков е вашиот партнер врз основа на тоа како се БАКНУВА!

Бакнувањето е чин кој треба да претставува уживање, буди страст, желба да се оди чекор понатаму.
Врз основа на тоа како вашиот партнер се бакнува, можете да откриете многу за неговата личност.

Со танго јазик
Ако има поголема самодоверба и дрскост, веројатно прв ќе почне да си игра со јазикот. Ако е наметливо, можеби не е за вас. Ако сакате да ја покажете вашата забавна, бестрашна и самоуверена страна, преземете ја водечката улога и започнете сами да го бакнувате.


Нежно
Ако момчето нежно се бакнува, тоа може да биде вовед во тоа како ќе се однесува со вас и други аспекти од врската. Сепак, внимавајте, ова не треба да биде единственото нешто врз основа на кое ќе процените каков е тој како емотивен партнер. Експертите ве предупредуваат да не се занесувате со идеи за идилична заедничка иднина доколку тој нежно ве бакнува, а од друга страна со нога го клоца вашето куче.

This image has an empty alt attribute; its file name is francuski-baknez-1.jpg


Очи ширум отворени или затворени
За некои луѓе, да ги држат очите отворени додека се бакнуваат е премногу интимно. Ако партнерите се гледаат за време на бакнувањето, тоа покажува голема возбуда и покажува колку сте интензивно страсни и подготвени за авантура. Оние кои се бакнуваат со затворени очи веројатно се потрадиционални и повеќе се придржуваат до моралните правила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица е важен христијански празник кој се обележува на 14. октомври по …