НЕ ЗНААТ ШТО СЕ СЛУЧУВА – ВО ОВАА ДРЖАВА НЕ СЛУШНАЛЕ ЗА КОРОНА: 8. градови во неверојатна изолација, а еве што се крие зад тоа!

Стотици илјади луѓе заробени на крајниот запад од Мјанмар, во близина на жестоки борби, не знаат ништо за коронавирусот поради едногодишно исклучување на интернетот во овој дел од земјата, според податоците на групите за човекови права.
Минатиот јуни, владата на Мјанмар, предводена од државниот советник Аунг Сан Су Ки, го блокираше пристапот до интернет во девет градови, поради загриженост дека мрежата се користела за да се направат судири меѓу војската и бунтовниците.
Во еден од тие градови интернетот бил вратен во мај годинава, но осум други градови, со вкупно население од околу 800.000 луѓе, сè уште се без интернет, а со тоа и без информации.
Организациите „Human Rights Watch” и „Amnesty International” велат дека долгорочната забрана за пристап до интернет го става во опасност животот на луѓето, не само затоа што ги спречува да известуваат за можни кршења на човековите права, туку затоа што ги оддалечува од важни глобални случувања како што е пандемијата на коронавирус.


„Покрај вооружениот конфликт меѓу армијата во Мјанмар и армијата Аракан во државата Ракин среде пандемија, императив е цивилите да ги добијат потребните информации за коронавирусот за да останат безбедни“, рекла Линда Лакдир, правен советник на „Human Rights Watch“ за Си-Ен-Ен.
Мјанмар досега забележа шест смртни случаи и 292. позитивни случаи на коронавирус, додека повеќе од 64.532 лица се тестирани, покажуваат податоците на тамошното Министерство за здравство.
Неколку случаи се пронајдени во градовите Маунгдау и Бутидаунг во Ракине, каде повеќе од 100.000 муслимани Рохингја живеат во преполни логори. Многумина избегаа од „операциите за расчистување“ што армијата ги започна против нив во 2018. година.

Екран.мк/CNN


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. …