Научниците конечно одговориле на прашањето дали постојат машко-женски пријателства

Расправата за тоа дали постојат машко-женски пријателства трае со години,а научниците од Универзитетот во Висконсин одлучиле да пронајдат одговор на тоа.
Професорката по психологија Ејприл Блеске-Решек спровела анкета на 200 доброволци прашувајќи ги дали чувствуваат привлечност кон своите пријатели од спротивниот пол.
Резултатите покажале дека мажите почесто чувствуваат привлечност кон своите женски пријателки отколку што е обратен случај, а исто така се склони да веруваат дека нивните пријателкии ги набљудуваат на ист начин.
Се покажало дека дури 42. отсто мажи проговориле дека чувствуваат привлечност кон своите женски пријателки, додека само 29. отсто жени ги признале таквите чувства.
„Верувам дека мажите и жените сакаат да бидат пријатели и да се впуштат во платонски однос, но резултатите кои ги добив покажуваат дека во тоа редовно ги спречува привлечноста“, изјавила водителката на истражувањето.
Исто така се покажало дека на жените ваквата проблематика им паѓа потешко и дека сексуалната привлечност им го отежнува пријателскиот однос, додека мажите немаат проблем со тоа.
Ејприл тврди дека машко-женското пријателство всушност не може да опстане бидејќи таквиот однос не е природен со оглед на тоа дека станува збор за релативно нова појава во еволуција на општеството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …