Научните истражувања покажале: Ова се причините поради кои мажите се плашат од брак

За разлика од жените кои фантазираат за идиличен брак, мажите бегаат од него. Француските брачни терапевти открија зошто посилниот пол се плаши од брак.
Фразата „во добро или во лошо“ ја доживуваат како доживотна обврска и товар. Моментот кога ќе го кажат судбоносното „да“ за нив е доброволно откажување од соништата, но и од другите жени.
Повеќето мажи не престануваат да ги преиспитуваат своите чувства дури и по стапувањето во брак, иако тоа никогаш нема да и го признаат на својата партнерка. Се плашат и дека ќе станат слика и прилика на својот татко, кого како дете и тинејџер го сметале за вистинска досада.

„Тие се преплашени од брачните рутини, се плашат дека животот ќе им стане досаден, како и од мислата дека ќе мора да се откажат од некои задоволства (гледање спортски програми, луди забави со пријателите…)“


Но, повеќето мажи имаат фобија од развод, бидејќи ним, повеќе од жените, им треба семејство како основа. Ако се разделат, тие се чувствуваат како да го губат тлото под нозете. Полесно им е да го поминат животот како ергени отколку да се разведат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …