На денешен ден е роден нашиот познат актер, режисер и сценарист Коле Ангеловски

Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски уште во раното детство — како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност.

Како глумец, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги — било да станува збор за теми од современиот живот — “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” — или пак теми од блиската или подалечната историја — “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот”.


Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како глумец првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата глумци, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.

Добитник е на многу награди како глумец, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност. Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.


На филмската сцена, како глумец, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм Саша на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад глумец, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.

Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добил престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во Пула. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д. Османли, “Викенд на мртовци”, за којшто ја добива Наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, Република Србија. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.


Филмската дејност на Коле Ангеловски е импозантна. Така, во 1966 година во филмот „До победата и по неа” игра споредна улога. Една година подоцна, во 1967, ја игра и главната улога во „Македонска крвава свадба”. Истата година тој е сценарист во филмот „Патека”. Во 1969 година игра споредна улога во филмот „Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите „Жед” и „Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот „Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: „Оловна бригада” (1980), „Црвениот коњ” (1981), „Јужна патека” (1982), „Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот „Викенд на мртовци”.

Награди:

-2008 — Награда „13 Ноември“
-Награда „Ристо Шишков“
-2011 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
-2018 — Награда „Св. Јоаким Осоговски“
-2019 — Награда „Киненова“ за особен придонес во филмската уметност
-2020 — Награда „Златен објектив“
-2020 — награда „13 Ноември“ од областа на културата за 60 години творештво во областа на театарот и филмот.
-2022 — Награда на фестивалот „Денови на Комедија“ во Куманово за најдобра режија за претставата „Паника во Хотел палас“
-2023 — Награда „Васил Иљоски“ на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово
-2023 — Орден за заслуги за „Република Македонија“

Среќен роденден Коле, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …