На денешен ден е роден нашиот познат актер Предраг Павловски

Предраг Павловски е роден на 4 февруари 1968 година во Куманово. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1991 година). Во 1993 година се вработува во Народно позориште – Суботица. Од 1994 до 2017 година работи во Театар за деца и младинци – Скопје. Од 2017 е член на Драмски театар Скопје.


Павловски има остварено бројни театарски и филмски улоги, а ги издвојуваме следните:

Театрографија: Лорд Бакингам (Ричард III, 1993), Момчето (Килиба, 1995), таткото на убавицата (Убавицата и ѕверот, 1998), Шир Кан (Могли, 1998), Македонска приказна 2000, Кемал (Балканот не е мртов, 2001), Крал (Пердувите на жеравот, 2002), Телефонот 2005, Папагено (Волшебната флејта, 2006), таткото (Пипи долгиот чорап, 2012), Абрам (Нашиот клас, 2014), Заспаниот разум раѓа чудовишта 2015, Ворен (Лет над кукавичјото гнездо, 2017), Ким (Фестен, 2018), Роко (Странци, 2018), Кралот (Крал Иби, 2019), Господин Дерек (Чудесна терапија, 2019).


Филмографија: Тетовирање (1991), Светло сиво (1993), Македонска сага (1993), Заборавени (1995), Мост (2006), Епизодист (2011), 12 Мајмуни (2015), Џган (2016), Мими (2022), Зад стоговите сено (2022)

Тв серии: Фамилија Марковски, Дуле (2019); 5+ фамилија, Пожарникар (2020); Зоки Поки, Татко на Стојанче (2022); Тин Камп, Таткото на Сандра (2022); Црвениот поет, Драгутин Шаулер (2024).


Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Предраг и му посакува многу здравје и уште многу успеси на професионален план.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …