Александар Микиќ е роден во Скопје на 9 февруари 1966 година. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факулет за драмски уметности, Скопје на отсекот за глумечка игра во класата на проф. Димитрие Османли, во 1992 година. Од 1997 година, работи во Македонски народен театар – Скопје
Остварил огромен број на театарски и филмски улоги, а добитник е на следниве награди и признанија:
Награда АМФИ – актер за најмногу одигеани претстави на матичната сцена (2008)
Награда АМФИ – актер за најмногу одиграни претстави на матичната сцена (2009)
Награда за најдобра улога во претставата Ах љубов моја на Театар Комедија во режија на Коле Ангеловски на фестивалот за комедија “Мостарска лиска”, Мостар (2013)
Награда за актер за 2014 година на Златна бубамара на популарноста (2014)
Награда за актер за 2017 година на Златна бубамара на популарноста (2017)
Награда за актер на годината на Златна бубамара на популарноста (2023)
Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Александар Микиќ и му посакува многу здравје и успеси на професионален план.