На денешен ден е роден нашиот кошаркар Тони Грнчаров

Тони Грнчаров е роден на 8 февруари 1980 во Скопје. Тој е поранешен македонски кошаркар и репрезентативец. Тој играл на позицијата бек и целата своја кариера како играч ја одиграл во Првата македонска кошаркарска лига. Брат му е на поранешниот фудбалер Бобан Грнчаров.

За сезоната 2008/09, Грнчаров потпишал за Фершпед Работнички. Грнчаров со Работнички станал првак во Првата лига во таа сезона. Во јануари 2013 година, за време на паузата од сезоната 2012/13, Грнчаров го напуштил МЗТ Аеродром и потпишал за Струмица.


Во ноември 2017 година, Грнчаров станал извршен директор на МЗТ Аеродром.

Признанија:


Најдобар стрелец во Купот на Македонија – издание 2006
Бек на сезоната 2006/07
Прва најдобра петорка во сезоната 2006/07
Најдобра домашна петорка во сезоната 2006/07
Најдобра одбранбена петорка во сезоната 2006/07

Среќен роденден Тони ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …