Сеќавање: на денешен ден пред 5 години почина Димитар Чемков-Циме, доајенот на македонското музичко новинарство и член на култните „Бисери“ и „Бис Без“

Димитар Чемков – Циме е роден на 2 февруари 1942 година во Скопје. Тој беше македонски рок-музичар, композитор и доајен на македонското музичко новинарство. Бил член на двете најпопуларни рок групи во 60-те, „Бисери“ и „Бис Без“.

Цели 37 години како музички новинар и уредник бил дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје. Бил водител на популарни емисии меѓу кои: „Поп албум“, „Поп контакт“, „Поп телекс“, „Најдоброто од …“. Циме бил и музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и фестивали како што се: Скопски забавен фестивал, Избор за песна на Евровизија, Макфест, Евро фест, Скопски џез фестивал, Цветници, Валандово, Охрид фест…


Автор е на седумдесетина забавни и новосоздадени фолклорни композиции и е еден од основоположниците на македонската рок-музика. Бил член групата „Спектар“ и на двете најпопуларни рок групи во 1960те – „Бисери“ и „Бис Без“.Бис Без често биле споредувани со Битлси, но и со светски познатите Јардбрдси и Лед Цепелин. Овие називи ги добиле и по тоа што гитаристите Длака, Коце и Циме се претставувале како Ерик Клептон, Џеф Бек и Џими Пејџ.

Починал во Скопје на 8 февруари 2019 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …