На денешен ден е роден нашиот актер и музичар Раде Рогожаров

Раде Рогожаров е роден на 20 јануари 1960 година во Штип. Тој е познат македонски театарски, филмски, телевизиски актер и музичар.

Во 1988 година Дипломира на Факултет за Драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин.  Истата година се вработува во Народен Театар – Штип, каде што е активен и денес.


Учествува во голем број на претстави , при што има реализирано многу значајни улоги од најразлични жанрови. Учествува во серијата ,,Бушава азбука” како и ,,Во светот на бајките”. Своето деби на филм го има во ,,Среќна Нова 49”.

Водител е на повеке културно-забавни и контактни емисии на националните ТВ канали.


Како дел од ансамблот на Народен Театар – Штип, има гостувано во повеќе театри во и надвор од државата, се со единствена цел, афирмација на македонскиот јазик, култура и театар.

Добитник е на наградата ,,Најгледано ТВ лице на годината” , доделена од ревијата Екран.


Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Раде и му посакува многу здравје и уште многу успеси на професионален план.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …