На денешен ден е роден актерот Петар Мирчевски

Петар Мирчевски е роден на 11 ноември 1956 во Крушево. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Мирчевски кај блиските е познат и по прекарот Пепи Пивцето кој го добил во средношколските денови, за време на учеството во една работна акција. Неговите двајца сина Филип и Мартин продолжиле по стапките на таткото, работејќи како глумци во Народниот театар во Битола. Дипломирал на ФДУ во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година станал член на битолскиот театар. Тој е еден од најангажираните и најекспонирани глумци, не само во историјата на битолскиот театар, туку и пошироко во Македонија. Покрај настапите во својата матична куќа, Мирчевски бил чест гостин и на сцената во Прилеп.


Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави. За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко“. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија.

Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело, во 2021 година Мирчевски ја добил наградата „4 Ноември“ за животно дело и во 2023 година, Мирчевски ја добива наградата за животно дело “Војдан Чернодрински”.


Покрај настапите во театарот, Мирчевски остварил и плодна телевизиска и филмска кариера. Издвојуваме само мал дел од неговата богата филмографија: Прашина ТВ-филм, Бубачки ТВ-филм, Големата вода ТВ-филм, Илузија ТВ-филм, Како убив светец ТВ-филм, Бал-кан-кан ТВ-филм, Тајната книга ТВ-филм Гулабарот, Караула ТВ-филм Миловановиќ, Сенки ТВ-филм, Превртено ТВ-филм. Збогум Румелија ТВ-серија, Мајки ТВ-филм, Трето полувреме ТВ-филм, Тврдокорни ТВ-серија, Споменикот на Мајкл Џексон ТВ-филм, Ослободување на Скопје ТВ-филм, Сенки над Балканот ТВ-серија, Фамилија Марковски ТВ-серија, Преспав ТВ-серија, Господ постои, името и е Петрунија ТВ-филм, Врба ТВ-филм, Лена и Владимир ТВ-филм, Мими ТВ-филм, Балканска приспивна песна ТВ-серија, Кајмак ТВ-филм, Тин Камп ТВ-серија, Црвениот поет ТВ-серија.

Среќен роденден Пепи, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …