На 33. години починал глумецот кој се прослави со улогата во филмот „Школо за рок“

Кевин Кларк, актерот кој се прослави со улогата на Фреди Џонс во филмот School of Rock, починал од последиците на сообраќајна несреќа.
Во неговиот роден град Чикаго, возејќи велосипед во средата наутро, тој поминал на црвено светло на раскрсница, а потоа на него налетал автомобил. Кларк бил пронајден од персоналот на брзата помош делумно под автомобилот, а бил пренесен во болница во критична состојба. По кратко време починал од повредите, пишува US News.


По School of Rock, со Џек Блек во главната улога, Кларк ја продолжил својата кариера во музичкиот свет. Тој свирел на тапани и во бендот Jess Bess & The Intentions, кој го направил своето прво појавување минатата сабота.
„Страшна вест. Кевин го нема, прерано. Убава душа, толку многу убави спомени. Срцето ми е скршено. Испраќам љубов на неговото семејство и целата заедница на Школо за рок”, напишал Џек Блек на својот Инстаграм профил покрај фотографијата од тоа како позира со Кларк.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Black (@jackblack)


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …