Музички песни (за деца и возрасни) од Владимир Мартиновски

Во рамките на изложбата ЗВУЧНИ СЛИКИ, на 14 март (четврток), со почеток во 18:00 часот, во Галеријата на МКЦ ќе се одржи поетско читање МУЗИЧКИ ПЕСНИ (за деца и возрасни)”. Владимир Мартиновски ќе чита избор од песни од книгите за деца („Шах со Бах” и „Хор од задниот двор”) и за возрасни („Квартети” и „Пред и по танцот”) со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката.

Владимир Мартиновски е роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В.К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“. Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од септември 2023 година ја извршува функцијата декан на истиот факултет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …